шеќер

Како да го омекнете стврднатиот шеќер: Неколку едноставни трикови

Шеќерот е намирница која често знае да се стврдне и да се претвори во тврда, згрутчена маса, без разлика дали станува збор за бел или кафеав шеќер.

Причините се различни. Кафеавиот шеќер се стврднува кога, поради изложеност на воздух, ја губи природната влага. Од друга страна, белиот шеќер станува тврд затоа што впива влага од околината, што предизвикува лепење на кристалите меѓу себе.

Поради тоа, многумина го фрлаат стврднатиот кафеав шеќер мислејќи дека веќе не може да се користи. Сепак, постои едноставен трик: ставете една кришка леб во садот со кафеав шеќер, затворете го и оставете го преку ноќ. Шеќерот повторно ќе ја впие влагата и ќе омекне.

Друг начин е да го ставите кафеавиот шеќер во сад погоден за микробранова печка, да го покриете со навлажнета хартиена салфетка и да го загревате во интервали од по 20 секунди. По секое загревање, раздробувајте го шеќерот со вилушка додека не ја добие саканата текстура.

Кога станува збор за белиот шеќер, најдобро е да се чува во добро затворен сад за да се спречи навлегување на влага. Ако веќе се згрутчил, помалите грутки лесно може да се раздробат со сукало за тесто или со помош на сецкалка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот