Како да го оладите вашиот миленик во жешките денови?

Ако вам ви е жешко, вашето куче се „вари“, но постојат неколку начини да му помогнете да се разлади во жешкото лето.

Сите кучиња сакаат да се шлапкаат во вода па и едно малечко базенче со вода ќе заврши работа. Кучињата најбрзо се разладуваат кога ќе плиснат во вода, па макар и на кратко, а исто така се и преслатки за фотографирање.

Постојат перничиња со гел кои се 5 до 10 степени поладни од надворешната температура, а кученцето ќе го пронајде перничето и ќе ужива на него бидејќи така и така си бара ладно. Доколку немате од каде да купите можете да импровизирате со гел ќеси за замрзувач и пешкирче или чаршав.

Кучињата исто така уживаат и во ладни закуски и играчки. Низ светот постојат најразлични играчки за кучиња, но препорачливо е да најдете некои кои се посунѓерести и впиваат повеќе вода. Потопете ги со ладна вода и поиграјте си со миленикот.

Вашите миленици се преслатки кога молат за храна, но наместо да им дадете нешто што е лошо за нив, направете им сладолед од состојки кои не им наштетуваат како грашок, банана, вода, малку мед и по некое овошје. Внимавајте да не биде премногу стегнат за да не предивика преголем шок.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот