Како да ги мотивирате децата да читаат повеќе книги?

Децата не се раѓаат знаејќи дали треба да читаат или не. Се разбира дека не можете со сила да ги натерате да го прават тоа, не треба ни да пробувате, но затоа можете да ги мотивирате да земат книга во раце.

Тие не знаат дека читањето носи многу бенефити за нивниот развој додека се мали, а значително ќе придонесе да се изградат во подобри личности кога ќе пораснат. Затоа останува на вас да ги мотивирате да читаат. Ако се прашувате како, прочитајте ги овие совети.

Развивајте ја неговата способност да се изразува

Зависно од неговата возраст, дајте му да прочита или вие прочитајте му некоја приказна за која потоа ќе зборувате. Обидете се да дознаете како тоа гледа на приказната и она што се случува во неа. Истовремено тоа ќе се обиде да се изрази колку што може подобро, а со тек на време оваа негова/нејзина способност ќе се подобрува.

Читајте по неколку приказни дневно

Ако детето е заинтересирано за тоа, читајте и по повеќе приказни. Колку повеќе е изложено на литература уште од најмали години, толку повеќе ќе сака да чита кога ќе може самото да го прави тоа.

Снабдете ги со материјал за читање

Децата во чии домови отсекогаш имало што да се чита подоцна имаат подобри оценки на тестовите на училиште. Оние од најмала возраст можат да почнат со сликовници, па потоа да прејдат на материјали кои се соодветни за нивната возраст.

Нека читаат секаде каде што има букви

Нека ги читаат сообраќајните знаци, менијата во рестораните или имињата на филмовите. Што почесто нека бидат изложени на нешто што треба да се прочита.

Искористете ја технологијата

Факт е дека веќе не постои ниту ќе се роди дете кое нема да сака да ја користи технологијата. Ако вие имате отпор кон неа само ќе направите штета. Ако детето сака да чита нешто на таблет, оставете го да го прави тоа. И тоа е читање исто како и она од печатени книги. Исто така, електронските читачи овозможуваат приспособувања на потребите на читателот, па така ако на вашето дете му е потребен поголем фонт, тоа и ќе го добие.

Помогнете им да изберат книга

Тие сепак не знаат каде да погледнат за да изберат книга. Вие треба да им помогнете во тоа. Предложете им некое четиво за кое сметате дека ќе сакаат да го читаат и кое одговара на нивната возраст и развој. Доколку го одбијат, предложете друго и не ги притискајте.

Покажете интерес за она што го читаат

Што и да прават децата, тие очекуваат некаков фидбек од родителите. Затоа покажете го вашиот интерес за она што го читаат, разговарајте за тоа и тие ќе сфатат дека прават нешто убаво. Не заборавајте да ги пофалите поради тоа што читаат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот