Како бебе го мачкале исклучиво со крема од кавијар – 5 помалку познати нешта за синот на Доналд и Меланија Трамп

Фото: Инстаграм

Барон Трамп е најмладото дете на Доналд Трамп и единственото дете кое тој го има со Меланија.

Барон Вилијам Трамп е можеби најмалку познато дете од петте деца на американскиот претседател Доналд Трамп. Ви претставуваме 5 интересни факти за него кои досега не сте ги знаеле:

Фото: Профимедиа

1. Роден е на 20 март 2006 година, што значи дека претседателот на Америка имал околу 60 години кога се родил малечкиот Барон.

Фото: Инстаграм

2. Барон е многу висок за својата возраст. Тој на свои 14 години е повисок од својот татко, Доналд Трамп кој е висок 190 сантиметри. Меланија во повеќе наврати раскажуваше дека Барон обожава спорт, па изгледа дека кошаркарската кариера му се насмевнува.

Фото: Профимедиа

3. Тој е првото момче кое живее во Белата куќа од 60-те години на минатиот век – Бил Клинтон и Барак Обама имаа ќерки, па така Барон е првото момче кое расте во Белата куќа по Џон Кенеди Џуниор.

Фото: Инстаграм

4. Тој е исклучително паметен – Меланија Трамп отсекогаш сама го чувала својот син, па така тој не им бил препуштен на разни дадилки. Таа го научила течно да говори словенечки, со цел да може да комуницира со својата баба и дедо по мајка. Тој оди во престижното училиште Свети Андреј, а зборува и руски јазик. На тестовите за мерење на интелигенција покажувал завидни резултати.

Фото: Профимедиа

5. Како бебе имал специјален третман – Меланија во едно интервју призна дека своето дете го мачкала со крема од кавијар додека бил бебе. Само најдоброто за Барон, изјавила таа. Додека живееле во Њујорк, еден цел кат бил само негов, додека Меланија говорела дека тоа е дневната соба на Барон.

Фото: Инстаграм

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот