Кадетите во финишот до реми против Црна Гора

Фото: fscg.me

Македонската кадетска репрезентација (У17) во денешниот прв од двата пријателски натпревари против Црна Гора ремизираше 2:2.

На Тренинг кампот на црногорска фудбалска федерација во Подгорица, противникот дојде прв во водство од пенал во 11 минута кој го реализираше Царевиќ.

Израмнивме после половина час игра преку Софијановски кој шутираше, топката се одби од Глобаревиќ и го измами својот голман, но противникот повторно од белата точка во 64 минута беше во минимална предност благодарение на Ѓукановиќ.

Во самиот финиш од средбата избраниците на селекторот Драги Канатларовски спречија пораз, сигурен пеналџија (90+2`) беше Гуџуфи.

Овие две селекции својот втор контролен меч ќе го имаат в четврток со почеток од 11.00 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот