Кадетите на Вардар „газат“ во Европската младинска кошаркарска лига

кадети вардар
Две победи на стартот во Шопрон за кошаркарските надежи на Вардар/Фото: facebook.com/KosarkarskiKlubVardar

Во унгарскиот град Шопрон со убедлив триумф стартуваше кадетскиот кошаркарски клуб на Вардар на турнирот од Европската младинска лига (EYBL).

Во својот прв натпревар играчите предводени од тренерот Александар Јованчев го совладаа романскиот клуб на Дан Дачијан со 109:77.

Терзиевски беше прв стрелец за „црвено-црните“ со 30 поени (шест скокови, пет асистенции), следен од Ефтимовски со 24 поени.

Денеска М14 тимот забележа уште една победа, уште повисока со 120:35 го декласираше чешкиот претставник ГБА Пелхримов.

Повторно најефикасен за македонската екипа беше Терзиевски со „трипл-дабл“ учинок од 28 поени, по 10 скокови и украдени топки, а 25 поени беа дело на Ефтимовски.

В сабота младите кошаркари на Вардар ќе имаат нов дуел, ривал ќе има биде Виена јунајтед од Австрија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот