Одмор ова лето? Спејко ни открива каде има најубав поглед во Македонија! (ФОТО)

Фото: Инстаграм

Пандемијата на коронавирусот ги затвори границите ширум светот, па така можноста за летување на море ова ќе биде ограничена, а можеби и забранета.

Но, тоа можеби и не е толку лошо. Ова е конечно шанса да ги запознаеме убавините на нашата земја, која ги има навистина доста.

Планина, езеро, кампување, река, рурален туризам се само дел од тоа што го пружа ова наше поднебје.

Дестинации има многу, а ваше е само да изберете или да ги прочитате советите на реалити-ѕвездата Спејко, кој за „Слободен Печат“ ни посочи три негови дестинации кои се секогаш на неговата мапа.

Крушево, град со прекрасна природна вегетација, сместен во пазувите на Баба планина. Пејсаж што восхитува со многу излетнички места подеднакво атрактивни во сите годишни времиња. Надморската височина, климата, положбата, културните знаменитости, катактеристична архитектура, традиција се обележје за Крушево, и доволно причини да се посети.

Дојранско езеро, прекрасни спомени од детството и сеуште моја омилена домашна дестинација за релаксација, место на кое може да се почувствува и климатското влијание од Медитеранот, топла вода во езерото и лековити својства на калта според кажувањата се, уште неколкун причини за посета.

Преспанско езеро. Качете се на Галичица и ке бидете сведоци на магија, најубавата глетка во Македонија од една страна Преспанското од друга страна Охридското езеро, но ке го издвојам Преспанското езеро, бидејки директно ги почивствува климатските промени, па бележи континуирано повлекување на водата но сè уште е интересно место за уживање и релаксација со бујна вегетација и бистра езерска вода, прочитав еден податок и дека е меѓу најчистите езера во светот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот