„Каде ќе оди женава облечена како папагал“? Фановите ја подбраа Џеј Ло, а им пречи и мрсната коса! (ФОТО)

Фото: Профимедиа

Пејачката, актерката и танчерката Џенифер Лопез (51) е фотографирана во шарени тренерки додека одела на снимањето на трејлерот за новиот филм во Њујорк, а нејзините фанови велат дека никогаш полошо не била облечена.

Имено, таа во доста лежерно издание се упатила на снимање, а откако е почната пандемијата со коронавирусот, во јавноста најчесто се појавува во спортска облека.

Сега, како што велат фановите, се надминала себе си со овој стајлинг и претерала со боите. Од глава до пети на себе има „страшни“ бои со потписот на  „Ралф Лорен“.

Фото: Профимедиа

Џеј Ло сето тоа го искомбинирала со шарена заштитна маска за лице, а во рацете имала кристално шише за вода од кое не се одвојува. Фановите велат дека пејачката изгледа како папагал, а доста и забележаа и за мрсната и несредена коса.

Поради овие тренерки таа се вброи во листата на најлошо облечени холивудски личности за оваа недела, а неодамна таа беше окарактеризирана како тешка за соработка од страна на една холивудска дизајнерка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот