Каде е сега единствениот преживеан од кобната несреќа во Париз: Телохранителот на принцезата Дијана работи во „Астра – Зенека“

Фото: Твитер/Профимедиа

Пред 25 години во Париз се случи сообраќајна несреќа во која загинаа принцезата Дијана и нејзиниот партнер Доди Ал-Фајед, а телохранителот Тревор Рис-Џонс (54) беше единствениот кој успеа да преживее по несреќата.

Тревор, кој тогаш имал 29 години, се наоѓал на совозачкото седиште во „мерцедесот“ кога се случила несреќата.

Благодарение на воздушното перниче успеал да остане жив, а се здобил со сериозни повреди на главата и градниот кош. Поминал 10 дена во кома, а хирурзите му го реконструирале лицето со помош на 150 делови од титаниум, направени според неговата стара фотографија.

Тревор Рис Џонс Фото Профимедиа
Тревор Рис Џонс Фото Профимедиа

По несреќата, Тревор, кој двапати се женел, доживеал „длабока“ амнезија и можел да комуницира само со шепотење и запишување работи.

Во својата подоцнежна биографија, напишал дека иако во првите месеци поминати во болница не можел ниту да зборува, по една година успеал да се врати во форма, па дури и да игра рагби, како што му ветиле лекарите.

По несреќата во која загина принцезата Дијана, Тревор изјави дека не се сеќава на ништо освен дека влегол во автомобилот кој бил паркиран пред хотелот „Риц“ во Париз.

– Би сакал да знам што се случи – рекол тој во интервју непосредно пред да биде објавена неговата книга „Приказна за телохранителите“ во 2000 година.

Фото: Профимедиа

Свесен е дека е единствениот човек кој може да му ја открие вистината на светот, но не може да се сети на ништо.

– Јас сум единствениот човек кој може на луѓето да им ја каже вистината, а не можам да се сетам. Би било лесно кога би се сетил. Би можел да им кажам на луѓето и сето ова би завршило – додал Рис – Џонс, кој „со жалење“ ја напуштил работата во семејството Фајед.

– Разбирам дека Тревор мора да направи сè што е можно за целосно да се опорави и конечно да ги остави трагичните настани зад себе – изјавил египетскиот тајкун и татко на Доди Ал-Фајед.

Фото: Профимедиа

Тревор инсистирал на тоа дека не чувствува лутина кон Ал-Фајед и покрај неговото промовирање на теории на заговор за несреќата:

– Тоа беше несреќа која можеше да се избегне. А, Дијана…

принцеза дијана роденден
Фото: Профимедиа

Во интервју за „Ајриш тајмс“ во 2000 година, рече дека нема никакви лични чувства кон Дијана, освен што ја опишува како жена со која можете да одите во паб.

Тој не прифатил никаква вина за нејзината смрт, иако рекол дека сепак чувствува одговорност што тоа се случило „во негова смена“.

– Сметам дека тоа е несреќа што можеше да се избегне. Анри Пол згреши кога седна зад воланот на автомобилот кога знаеше дека пиел. Не ни рече ниту нам ниту на Доди дека не е способен да вози. Тоа беше грешка. Го прифатив официјалниот наод. Тоа беше сообраќајна несреќа во пијана состојба предизвикана од преголема брзина. И тоа е она што се случи – додал тој.

Телохранителот на Дијана сега е шеф на обезбедувањето во „Астра – Зенека“ откако изгради успешна кариера во изминатите 25 години, пишува „Дејли мејл“.

Тревор Рис-Џонс, кој неодамна беше виден на семеен шопинг за првпат по пет години, живее со сопругата Ен, која работи како учителка, нивните две деца и куче во куќа вредна 500.000 фунти во Освестри, Шропшир. Куќата ја купиле пред 4 години.

– Неговиот живот сега е мирен. Тој секако не се помилува на јавноста и не зборува многу за тоа. Се обиде да продолжи со животот – рекол изворот за „Сан“.

ФОТО | Принцовите повторно заедно: Ја отскрија статуата на принцезата Дијана

ФОТО | Принцовите повторно заедно: Ја отскрија статуата на принцезата Дијана

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот