ФОТО | Принцовите повторно заедно: Ја отскрија статуата на принцезата Дијана

принц вилијам принц хари принцеза дијана лејди ди статуа 60 години роденден
July 1, 2021, London, London, United Kingdom: Image Licensed to i-Images Picture Agency. 01/07/2021. London, United Kingdom. The new Princess Diana statue at Kensington Palace in London.,Image: 619028084, License: Rights-managed, Restrictions: * China, France, Italy, Spain, Taiwan and UK Rights OUT *, Model Release: no, Credit line: Pool / Zuma Press / Profimedia

Да беше жива, принцезата Дијана денес ќе го прославеше 60-тиот роденден. Големиот ден беше одбележан со отскривање на статуа скулптирана во нејзина чест. Нејзините синови, принцовите Хари и Вилијам стоеле рамо до рамо првпат, по долго време во палатата Кенсингтон за време на откривањето на статуата.

Пред отскривањето на статуата во кралските градини, војводата од Кембриџ изгледал како да зборува со брат му, а пак Хари делувал резервиран додека тие се движеле заедно. Ова е првпат браќата да се сретнат лице в лице од погребот на принцот Филип во април, пренесува „The Sun“.

Во меѓувреме, братот на Дијана, Ерл Чарлс Спенсер и сестрите, дамата Сара Мек Коркодајл и дамата Џејн Фелоус пристигнале пеш во палатата Кенсингтон. Тие прошетале низ гужвите, застанувајќи за момент да оддадат почит кон нивната сестра. Денешниот настан бил мал, со само неколку поканети гости, не вклучувајќи ја кралицата, која била на службени должности во Шкотска, или принцот Чарлс.

Кога двајцата војводи застанале на свое место од двете страни на статуата и Вилијам рекол „Подготвен?“ пред да ја извадат зелената ткаенина.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Cissy Paul (@passionfornyc)

Како изгледа статуата?

Бронзената статуа на Дијана е опкружена со три деца кои симболично го претставуваат „универзалноста и влијанието на генерациите“ на нејзиното дело. Нејзината кратка коса, стилот на облекување и портретот биле базирани на последниот период од нејзиниот живот, по разделбата со принцот од Велс. На статуата се гледа како Дијана носи елегантна блуза со отворен врат, широк појас и тесно миди здолниште.

Од палатата Кенсингтон соопштиле дека Дијана „стекнала самодоверба во улогата на амбасадор за хуманитарни цели“ и дека статуата „има за цел да го пренесе нејзиниот карактер и сочувство“.

Скулптирана од познатиот уметник Иан Ранк-Бродли, статуата е 1,25 пати поголема од човечка големина во размер и била направена во „Castle Fine Arts Foundry“ со патина од синкаво зелена боја.

принц вилијам принц хари принцеза дијана лејди ди статуа 60 години роденден
Фото: Profimedia

Зборовите под статуата

„Ова се мерните единици за вредноста на оваа жена без оглед на раѓањето. Не, кој беше нејзиниот статус? Но, дали таа имаше срце? Како таа го одигра својот Божји дел?“

 

View this post on Instagram

 

A post shared by British Monarchy (@monarchy.british)

Принцовите упатиле емотивна порака по отскривањето

„Денес, на денот кој ќе беше 60-тиот роденден на нашата мајка, се сеќаваме на нејзината љубов, сила и карактер – квалитети што ја направија сила на доброто низ целиот свет, менувајќи безброј животи. Секој ден посакуваме таа да е сè уште со нас и се надеваме дека оваа статуа ќе се гледа засекогаш како симбол на нејзиниот живот и наследство“, стои во изјавата напишана од принцовите.

„Благодарам на Иан Ранк-Бродли, Пип Морисон и нивните тимови за извонредната работа, на пријателите и донаторите кои помогнаа да се случи ова и на сите оние низ целиот свет кои го одржуваат во живот споменот на нашата мајка“, завршува изјавата.

Целиот настан може да го погледнете тука:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот