ВИДЕО | Лејди Ди денес би го прославила својот 60-ти роденден: Принцовите Хари и Вилијам ќе го откријат споменикот на нивната мајка

Profimedia
колаж: фото - профимедиа

Иако се разведе од Чарлс во 1996 година и ги загуби сите титули, Дијана остана „принцезата на народот“. Причината зошто ја сакаа низ целиот свет лежи во нејзината едноставна мудрост од која и денес можеме да научиме нешто.

Дијана, принцезата од Велс, но попозната како Лејди Ди, денес би го прославила својот 60-ти роденден. Сопругата на престолонаследникот Чарлс беше една од најпопуларните членови на кралското семејство во британската историја.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @___thecrown___


Иако се разведе од Чарлс во 1996 година и ги загуби сите титули, Дијана остана „принцезата на народот“. Причината зошто ја сакаа низ целиот свет лежи во нејзината едноставна мудрост од која и денес можеме да научиме нешто.

Споменик во чест на Лејди Ди

Во нејзина чест принцот Вилијам и принцот Хари денес ќе ги заборават сите несогласувања и заедно ќе го откријат споменикот пред палатата Кензинтгон, која беше официјална резиденција на принцезата Дијана.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @h_u_mans


Првичниот план беше скулптурата да биде готова и подигната кон крајот на 2017 година, точно 20 години по нејзината смрт, но неодамна беше објавено дека скулптурата во нејзина чест ќе биде откриена на 1 јули 2021 година, на денот кога би го прославила нејзиниот 60-ти роденден.


Смрт која го шокираше светот

Во раните утрински часови на 31 август 1997 година, црн мерцедес седан со голема брзина удри во 13-тиот столб за поддршка на тунелот Понт де л’Алма во Париз. Доди ал Фајед и возачот Хенри Пол останаа мртви на самото место, а принцезата Дијана почина на пат кон болницата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ZNEWS.GR #Znews (@znews.gr)

Телохранителот на Доди Тревор Рис – Џонсон беше единствениот врзан и единствениот што преживеа. Ди и Доди наводно се обидувале да избегаат од папараците. Дијана, според обдукцијата, починала како резултат на срцев удар. Констатирано е дека смртта била предизвикана од брзото возење на автомобилот како и од невнимание на возачот за кој било утврдено дека бил под дејство на алкохол.


Истрагите за оваа сообраќајна несреќа донесе низа нелогичности, но и теории на заговор

Возачот Хенри Пол беше прогласен за виновен, поради губење на контролата над возилото во тунелот Алма, нагласувајќи дека бил пијан, бил на антидепресиви и дека не можел да го контролира возилото кое го бркале фоторепортерите. Еден од одлучувачките фактори за смртта било дека Дијана не била врзана со сигурносниот појас.

„24 години од смртта на принцезата Дијана“: Пожарникарот кој стигнал прв на местото на несреќата открива кои биле последните зборови на Дијана

ФОТО: Внуците покажаа што сѐ знаат за нивната баба принцезата Дијана: Ќе се расплачеше да можеше да ги види

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот