Каде е поранешната сопруга на Владимир Путин: Људмила денес живее многу поразличен живот

владимир путин
Владимир и Људмила / Фото: EPA-EFE

Поранешната сопруга на Путин, Људмила, работела како стјуардеса, што била една од најпосакуваните професии за жените во советско време. Тие се запознале на почетокот на 1980-тите кога заеднички пријател ги поканил и двајцата во театар.

„Станав пријател со Људмила, мојата идна сопруга“, во една прилика рекол Путин додавајќи: „Сфатив дека никогаш нема да се оженам ако не го направам тоа во следните две или три години. Иако, се разбира, се навикнав да живеам ергенски живот“, рекол тој, иако набргу Људмила го променила тоа.

ВИДЕО | „Ако ти бев мајка, ти ќе беше многу сакан“: Бизарно обраќање на актерка кон Владимир Путин

Владимир и Људмила се разделија во 2013 година, по 30 години брак

„Не е јасно кога точно нивниот брак почнал да се распаѓа, но сите извештаи сугерираат дека тоа потекнува од нивните различни личности“, во тоа време пишуваше „The Post“.

Пред крајот на бракот, Људмила ретко можеше да се види во јавноста, а по разводот секако, уште поретко, дополнително разгорувајќи ги гласините дека таа завршила во манастир.

„The Moscow Times“ во 2013 година објави дека Људмила наводно му рекла на еден нејзин пријател дека Путин е „вампир“, на што тој одговорил дека секој што може да ја толерира неговата сопруга три недели „заслужува споменик“.

Људмила не завршила во манастирот

Људмила води луксузен живот во европска вила со нејзиниот 21-години помлад сопруг.

Рускиот портал „Собеседник“ открива дека Људмила на 58-годишна возраст се омажила за 21-годишен маж, тогаш 37-годишниот Артур Очеретни.

Људмила и Артур нашле прибежиште во вилата кога на веб-страницата на Меѓународниот новинарски истражувачки проект за корупција и криминал (OCCRP) бил објавен напис во кој се наведува дека тој е сопственик на палата во село во југозападна Франција, вредна околу 7,46 милиони долари. За работите да бидат поинтересни, вилата била купена шест месеци откако семејството Путин го потврди разводот.

људмила
Људмила Александровна Очеретни/ Фото: EPA PHOTO ITAR-TASS POOL / ITAR-TASS /

„Жена која сакаше, но не беше сакана“

Наводно Људмила со години била несреќна во бракот со Владимир и ѝ било тешко да се бори со непријатниот карактер на Путин.

Наталија Геворкијан, биографката на Путин за „The Washington Post“, набргу откако се соопшти веста за разводот за Људмила изјави: „Таа е жена која сакаше, но не беше сакана“.

Сепак, откритието на Меѓународниот новинарски истражувачки проект за корупција и криминал покрена низа прашања во руската јавност за тоа како Људмила и нејзиниот нов сопруг би можеле да си дозволат таков луксузен имот.

Људмила Александровна Очеретни Људмила Александровна Очеретни
Људмила Александровна Очеретни / Фото: EPA PHOTO POOL REUTERS/SERGEI KARPUKHIN/SP/ME/JL/

Артур Очеретни е на чело на непрофитната организација Центар за развој на интерперсонална комуникација, еден од проектите на поранешната сопруга на Путин. Пред тоа работел во агенција која ги организирала настаните, често и за клиенти од Владата. Имено, директорите на руските невладини организации обично немаат високи плати, а ниту еден од проектите на Очеретни не бил толку голем за да му донесе толкаво богатство.

Нема официјални податоци ниту дека Људмила е финансиски моќна. До разводот, според законот, таа морала да ја предаде имотната книшка и да ги пријави сите приходи, а никогаш немало значајни бројки.

Но, и покрај тоа што се пишува, начинот на живот на Људмила, е далеку од скромен, но и далеку од јавен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот