Миро Кацаров / Фото: Инстаграм

Кацаров: Привремено сум поставен за в.д. директор, за да можат колегите да земаат плата

Откако јавноста негативно реагираше на неговиот избор, Кацаров вели дека е „логично оваа функција да ја извршува некој што повеќе од 20 години е во културата и во музиката“

„Јас сум вработен во Универзална сала од 2019 и логично е човек од внатре да биде в. д. директор“, вели водителот Мирослав Кацаров, кој беше назначен на оваа функција од скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски за „СДК.мк“.

Откако веста за ова предизвика лавина од реакции во јавноста, главно негативни, и градоначалникот Ѓорѓиевски денеска рече дека Кацаров бил само привремено решение, а за следната недела најави дека ќе се распише нов оглас за директор.

Кацаров вели дека претходно бил вработен во програмскиот сектор за сценска дејност и организирање настани во институцијата. Јавната установа (ЈУ) Универзална сала Скопје, според Кацаров, сега има повеќе од 20 вработени, а канцелариите се во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје.

„Прочитав навредливи коментари за мене на социјалните мрежи, но сосема е логично оваа функција да ја извршува некој што повеќе од 20 години е во културата и во музиката. Повеќе од 20 години во моите емисии гости биле луѓе од музиката и општо од културата, а сум организирал и повеќе културни настани. Потекнувам од уметничко семејство. Како роден штипјанец, израснав во Народниот театар во Штип и во Домот на културата ‘Ацо Шопов’. Татко ми е драматург и професор на приватен факултет во Скопје, и беше директор и на двете институции. Јас сум човек од културата, не од земјоделието или од шумарството, па зошто е тогаш чудно што сум вршител на дејност во културна установа?“, вели Кацаров.

Тој додава дека ја знае вистинската ситуација во Универзалната сала, добрите и лошите аспекти и дека негова задача е успешно да ја менаџира и да воведе ред.

„Како вработен овде, знам како треба да се менаџира, ги знам и лошите и добрите аспекти исто како и моите колеги, зашто ние вработените сме белите дробови на Универзална. Јас сум привремено поставен на ова место за да можат да земат вработените плата. Ако нема одговорен на оваа функција, нема да можат да земат“, рече Кацаров.

Водителот додава дека во овој период установата помага во организирањето на културните настани на Град Скопје со програма и со техничка опрема.

Универзална сала ќе добие нова конструкција и нова купола, уште да се пријави „мајсторот“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот