Кабак на позајмица во Ливерпул, Мустафи го напушти Арсенал

Фото: EPA-EFE/ANDY RAIN

Ливерпул го промовираше Озан Кабак кој доаѓа од Шалке како позајмица до крајот на сезоната..

Овој 20-годишен турски дефанзивец ги комплетираше лекарските прегледи во Германија и се очекува во текот на наредната недела да им се придружи на своите нови тимски колеги.

Две години играше во Бундеслигата каде што ги бранеше боите на Штутгарт пред да се пресели во Шалке во јули 2019 година. Претходно го носеше и дресот на Галатасарај со кој вкуси искуство со четири настапи во Лигата на шампионите.

Воедно во Шалке (со договор до крајот на сезоната) доаѓа досегашниот член на Арсенал, Шкодран Мустафи кој се раздели со лондонските „топџии“ на последниот ден од преодниот рок. 28-годишниот светски шампион дојде на „Емирати“ во август 2016 година од Валенсија, запишувајќи вкупно 151 настап.

Со овој премиерлигашки клуб успеа двапати да го освои ФА купот, воедно забележа шест настапи и еден гол во Лига Европа.

– Мусти за нас долг период беше клучен играч. Тој одигра многу важна улога во мојата прва сезона како менаџер и сакам да му се заблагодарам за неговиот професионализам и секогаш подготвен кога ќе беше повикан. Сите во Арсенал му посакуваме добро на Мусти во Шалке – рече менаџерот на Арсенал, Микел Артета.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот