ЈСП: На 4 април почнува новиот возен ред за дел од автобусите во Скопје
Јавното сообраќајно претпријатие Скопје извести дека, почнувајќи од 4 април, ќе почне да се применува новиот возен ред за дел од автобусите, во рамки на единствената мрежа линии во главниот град.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
„Со наведените измени се врши усогласување на возниот ред со Одлуката за интегриран тарифен систем во линискиот превоз на патници во градот Скопје, со цел унапредување на организацијата и ефикасноста на јавниот превоз“, соопштуваат од ЈСП.
Оттаму велат дека деталните информации за изменетите линии, вклучително и за статичниот и за возниот ред по постојки, со примена од 4 април, ќе бидат достапни на веб-страницата на претпријатието – https://skopjebus.mk/mk/.
„Слободен печат“ пред неколку недели пишуваше дека Советот на Град Скопје конечно ги изгласа измените на Одлуката за линиски превоз на патници во Скопје. Тоа значи дека сега возниот ред ќе се приспособи на состојбата на терен, односно со бројот на автобуси што реално сообраќаат по скопските улици.
ЈСП доби уште 150 милиони денари субвенции за вработените да се „мирни“ до крај на годината
Како што пишувавме, ако пред 45 години ЈСП располагал со 300 автобуси во сообраќај, досега превозот требаше да се модернизира и да има и трамвај или метро како во европските градови или во главните градови во регионот. За разлика од нив, ние имаме јавен превоз со преполовен возен парк, односно само околу 160 градски автобуси по улиците и, моментално, никаква друга алтернатива за јавен превоз.


