ЈП „Водовод и канализација“: Акцијата за исплата на долгови на рати без пресметка на камата трае до 15 март

Сметки од ЈП „Водовод и канализација“ / Фото: МИА

Јавното претпријате „Водовод и канализација“ ја известува јавноста и граѓаните дека акцијата за наплата на долговите без пресметка на камата е во тек.

-Акцијата за наплата на долговите на рати без камата за физички и правни лица е со определен временски рок, почнувајќи од 01.02.2022 заклучно до 15.03.2022 година. Ги повикуваме сите корисници кои имаат заостанат долг во овој период да аплицираат за склучување на договори за исплата на долговите, информираат од ЈП „Водовод и канализација“.

Во согласност со новата одлука на Управниот одбор, физичките лица имаат можност за склучување на договори до најмногу 48 рати, а правните субјекти до 24 рати, во зависност од висината на долгот, без пресметка на камата за задоцнето плаќање.

Оваа мерка и одлука не важи за органите на државната и локалната власт, како и другите државни органи и институции кои вршат дејности од јавен интерес, агенции, фондови, јавни установи и јавни претпријатија, основани од државата, општините и Град Скопје.

По истекот на овој период одлуката престанува да важи.

Имајќи ја предвид ситуацијата со корона вирусот, заради заштита на сопственото здравје и здравјето на другите, како и превенција од ширење на вирусот, повикуваме на разбирање и почитување на сите протоколи кои ќе се спроведуваат од страна на ЈП „Водовод и канализација“, при посетите на претпријатието од страна на корисниците за склучување на договорите.

За секоја дополнителна информација за услугите на ЈП „Водовод и канализација“, граѓаните можат да се јават на телефонските броеви: 02 3073 010 – Дежурно информативен Центар и 02 3240 300 – Дирекција, како и на електронските адреси: [email protected], www.vodovod-skopje.com.mk , www.facebook.com/jpvodovod.skopje.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот