ЈП „Градски паркинг“: Се кастрат суви гранки за поголема безбедност на паркираните возила

Фото: ЈП „Градски паркинг“

ЈП „Градски паркинг“ во соработка со екипи на ЈП „Паркови и зеленило“ деновиве на терен ја продолжија акцијата за чистење и уредување на паркинзите во градот.

-ЈП „Градски паркинг“ во соработка со ЈП „Паркови и зеленило“ излегоа на терен во затворениот паркинг Нова Македонија. Искастрени се суви гранки и искроени се дрвјата, со цел поголема безбедност за паркираните возила. Нашите вработени се вклучија во оваа акција за чистење на паркинг просторот. Продолжуваме со редовни акции за побезбеден и чист паркинг простор! – стои во соопштението на ЈП „Градски паркинг“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот