Јовановски: Недостасуваа само три круга за влез во финалето на 25 метри
Селекторот на македонската параолимписка репрезентација и претседател на Параолимпискиот комитет на Македонија, Бранимир Јовановски го анализираше и вториот од трите настапи на Наковска-Бикова кои ги има на Параолимписките игри во Токио, Јапонија.
Препорачано
Како што е веќе познато, на олимпиското стрелиште во Асака нашата претставнички го освои деветтото место во дисциплината пиштол на СХ1 пиштол на 25 метри.
– На 02.09.2021 година на програмата беше дисциплината П3-Спорт пиштол 25м. По првите 30 истрели во прецизниот дел со 290 кругови Оливера беше второпласирана од 30 стрелци во конкуренција.
После 30 истрели во брзиот дел од дисциплината со 274 кругови, односно 564 кругови во тотал, Оливера Наковска Бикова се најде на чекор до големото финале од која ја делеа само 3 круга, освојувајќи го конечното деветто место.
Честитки за Оливера, одиме понатаму, на 4.09.2021 година се стрела последната дисциплина П4-Малокалибарски пиштол слободен избор – напиша Јовановски.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
8мин
-
25мин
-
27мин
-
55мин
-
1час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


