Наковска-Бикова го освои деветтото место на вториот настап во Токио

Наковска-Бикова не успеа да се пласира во финалето/ на СХ1 пиштол од 25 метри/Фото: Македонски Параолимписки комитет

 

Македонската претставничка на Параолимписките игри во Токио, Оливера Наковска-Бикова во вториот настап не успеа да обезбеди пласман во финалето. Наковска-Бикова го освои деветтото место во дисциплината пиштол на СХ1 пиштол на 25 метри и за само едно место не се најде во финалето. Таа квалификациите ги заврши со втор најдобар резултат откако во трите истрели имаше 96,96 и 98 погодени кругови беше веднаш зад шампионот Хуанг од Кина. Во втората рунда, Наковска-Бикова истрела 90,91 и 93 кругови и за само два поени не се пласира во финалето и заврши како деветта од вкупно 30 натпреварувачи.

Последниот настап на Оливера Наковска-Бикова ќе биде на 4. септември во дисциплината пиштол слободен избор од 50 метри.

Видео на денот