Јовановиќ: МЗТ има искусни играчи, ривал кој го сфаќаме максимално сериозно

фото: instagram.com/crvenazvezdakk

Официјално започна новата натпреварувачка сезона во АБА лигата, на првиот натпревар одигран денеска хрватскиот Задар на домашен терен со 96:67 триумфираше над Студентски Центар од Црна Гора.

Повратникот во елитата македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром в сабота (20.00 часот) ќе му гостува на актуелниот првак во ова регионално натпреварување, Црвена звезда.

Тренерот на „металците“, Александар Петровиќ најави дека целта на нашиот првак ќе биде опстанок во лигата.

Белградските „црвено-бели“ се фаворити на овој меч, во својот состав ги имаат новајлиите Недовиќ, Петрушев, Илиќ, Радуљица, Бентил, Адамс, Мартин и Холанд, како и новиот тренер Владимир Јовановиќ.

– Сезоната започнува и на воведниот натпревар играме против екипата на МЗТ, која меѓу двете сезони го засили својот ростер во кој има многу искусни играчи. Тим кој го сфаќаме многу сериозно. Сепак, знаеме како работиме, амбициите ни се познати, играме на домашен терен. Сакаме да го наметнеме нашиот ритам од самиот старт и да одиграме добар натпревар пред нашите навивачи кои ги повикувам да дојдат во салата во сабота навечер и да им дадат поддршка на момците на стартот на сезоната – вели Јовановиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот