Јотиќ е новиот среден бек на Вардар

seha-liga

Бранителот на титулата во Лигата на шампионите се засили со уште еден хрватски среден бек. Ловро Јотиќ кој досега беше дел од Еурофарм Пелистер, од следната сезона ќе ги брани боите на Вардар.

Иако се шпекулираше дека можно е „црвено-црните“ да го ангажираат Словенецот Миха Зарабаец од Кил, на крајот се одлучија за 25-годишниот Хрват.

Хрватскиот интернационалец ќе му се придружи на својот сонародник Анте Гаџа кој исто така е меѓу новите засилувања на Вардар, а на позицијата среден бек се наоѓаат уште Мартин Карапалевски и Стефан Крстевски.

Вардарци предводени од тренерот Стефче Алушовски вчера ги добија ривалите во новата сезона од Лигата на шампионите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот