Јорданов: Демократска Бугарија и Манолова ќе бидат виновни ако пропаднат преговорите за нова влада

Бугарска политичка партија „Има таков народ“ фото МИА

Партијата Има таков народ денеска ја обвини Демократска Бугарија дека се обидела да формира идна влада на Бугарија, без да победи на парламентарните избори, јави дописникот на МИА од Софија.

Шефот на пратеничката група на Има таков народ, Тошко Јорданов истакна дека Демократска Бугарија се откажала од својата позиција и одеднаш одлучила да поставува услови, и да формира кабинет без победи на изборите на 11 јули.

– Какви игри се играат во 46. Народно собрание? Политиката е валкана игра, но очигледно не разбравте дека нема да учествуваме во оваа игра, истакна Јорданов од собраниската говорница.

Тој додаде дека на средбата пред четири дена со лидерите на Демократска Бугарија било истакнато дека партијата нема претензии односно кандидати за идната извршна власт.

– Не знаеме што се случи во меѓувреме, но нивната позиција е радикално променета, посочи Јорданов.

Христо Иванов вчера прочита декларација во име на Демократска Бугарија, во која беа предложени имиња за составот на идната влада.

Јорданов се обрати кон Иванов и Маја Манолова истакнувајќи оти нивните постапки се во корист на Бојко Борисов и водат кон следни парламентарни избори во Бугарија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот