Јонузи: Непочитувањето на мерките може да го загрози учеството на Македонија на ЕП

Фото: ФФМ/facebook.com/footballfederationofmacedonia

Фудбалската федерација на Македонија упатува искрена благодарност кон сите кои искажуваат честитки кон нашите репрезентативци пред историскиот настап на Европското првенство и имаат желба лично да им се обратат на фудбалерите со намера да им посакаат успех и добар резултат на натпрварите од Европскиот шампионат.

Истовремено ФФМ мора одново да потенцира дека согласно протоколите од УЕФА, како и јасните упатства кои ги има добиено, не е во можност да организира било каков прием за поединци или лица од државни институции од причина што одговорноста за заштита на фудбалските репрезентативци е огромна и мора да се почитува доследно затоа што последиците се големи.

Важноста за превенција поради строгите ограничувања за здравствена заштита и наметнатите протоколи од УЕФА кои ги диктираат условите за било каква активност која не е поврзана со програмата на репрезентацијата пред Европското првенство, а уште повеќе што во тимот веќе има потврдено позитивен случај на ковид-19 ја потврдуваат лицата задолжени за здравствениот протокол во репрезентацијата, лекарскиот тим и д-р Невзат Јонузи, задолжен за спроведување на т.н. протокол на УЕФА за враќање во игра во услови на пандемија.

– Секое непочитување на мерките и правилата утврдени во протоколот на УЕФА може да доведе до дисциплински мерки во согласност со дисциплинските правила на УЕФА и да го загрозаат учеството на тимот во завршниот турнир. Самиот концепт на заштитен меур („team bubble“), има за цел да создаде заштитено и ограничено опкружување за играчите и техничкиот персонал во текот на нивниот престој во хотел и за време на патување во завршниот турнир.

Ангеловски: Контролните натпревари ни се за проверка, а не за експерименти

Делегацијата на тимот мора да избегне каков било контакт со кое било лице надвор од нивниот „меур“ за да се минимизира ризикот од зараза до секој можен степен – истакнува д-р Невзат Јонузи, задолжен за спроведување на т.н. протокол на УЕФА за враќање во игра во услови на пандемија.

Од ФФМ се надеваат на целосно разбирање и дека заедно ќе придонесеме за поголема заштита на репрезентацијата пред заминување на Европското првенство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот