Јончевски го одреди конечниот список за Талин: Шошкиќ ќе го замени Димитријевиќ

фото: kfsm.mk

Селекторот на сениорска кошаркарска репрезентација на Македонија, Александар Јончевски го одреди списокот на 12 кошаркари кои изутрина во 06.45 часот отпатуваа за Талин, Естонија, каде од 12 до 15 август ќе се игра предолимпискиот квалификациски турнир.

Сосема неочекувано, поради повреда, Јончевски мораше да се откаже од услугите на Ненад Димитријевиќ, кој требаше да биде еден од носителите на играта на нашиот видно променет и подмладен национален тим.

– Ненад Димитријевиќ нема да патува со нас на претстојниот предолимписки турнир. Тој се пожали на болка во тетивата, како што ме информираа од лекарскиот тим, станува збор за истегнување, повредата не е премногу сериозна, но бара мирување во следните денови и доаѓа во најлош момент за нас – потврди селекторот по последниот тренинг одработен во Скопје.

На местото на Димитријевиќ, селекторот Јончевски одреди во ростерот да биде членот на младинската и на јуниорската селекција, Андреј Шошкиќ.

Согласно со тоа, за средбите со Израел, Естонија и Чешка во конкуренција се следните 12 кошаркари: Војдан Стојановски, Ти-Џеј Шортс, Стојан Ѓуроски, Љубомир Младеновски, Дамјан Робев, Андреј Маслинко, Андреј Магдевски, Андреј Шошкиќ, Андреј Андоноски, Теодор Симиќ, Петар Бошалески и Марко Миловановиќ.

Првопласираните две репрезентации од собирот во Талин, ќе продолжат за Полска, поточно ќе се пресели во Гљивице, каде ќе се одигра и оној завршен дел од овие евро-претквалификации за Олимписките игри. Победникот на овие квалификации ќе биде и учесник во оние главни квалификации за Олимпијадата во Париз.

ОЛИМПИСКИ ПРЕТКВАЛИФИКАЦИИ-ТАЛИН

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ НА МАКЕДОНИЈА

12. АВГУСТ
16.00: Чешка – Естонија
19.00: МАКЕДОНИЈА – Израел

13. АВГУСТ
16.00: Израел – Чешка
19.00: Естонија – МАКЕДОНИЈА

14.АВГУСТ – СЛОБОДЕН ДЕН

15. АВГУСТ
16.00: Чешка – МАКЕДОНИЈА
19.00: Израел – Естонија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот