Јавна куќа бара дегустатор за проститутки: Се пријавиле стотици кандидати

Фото: Mc Photo/Ohde / Alamy / Alamy / Profimedia

„Вработуваме!!! ‘Дегустатор на девојки’ – аплицирајте веднаш“ – гласи огласот испишан со големи букви на постер на главната раскрсница на главниот пат во Грац, Австрија, каде што борделот „Максимус“ предизвика бурни реакции.

Австриската министерка за интеграција и семејство Сузан Рааб веднаш реагираше на постерот на кој се огласуваше работа за „mädchentester“, односно некој чија работа би била да ги тестира услугите на проститутките, пишува „Јутарњи.хр“.

„Читајќи го ова ми се превртува стомакот“, изјавила Сузан. Таа го нарече постерот „неверојатно одвратен, мизогински и нехуман“.
„Прикажувањето на жените и девојките како стока што може да се „тестира“ го велича насилството и е опасно“, истакна таа и не е единствената што мисли така.

Советничката за еднаквост на жените во Грац, Хајке Бехит, ја осуди рекламата како „длабоко нехумана и одвратна“. Таа беше изненадена „како некој се осмелува и денес да поставува сексистички плакати“.

Сопственикот на борделот, сепак, стои зад својот плакат. Тој објаснил дека неговата потрага не е она што сите мислат.

„Тоа нема никаква врска со проверката на сексуалната соодветност или способност на девојките, туку ги подготвува психолошки за оваа тешка – веројатно ‘најтешката’ работа на светот. Сиромаштијата, немањето перспектива или бегството од странска земја не треба да бидат причина за свртување кон проституција. Потребен ни е некој кој психолошки ќе ги процени и подготви сексуалните работници“, рече Рене Волингер и додаде дека на огласот досега се пријавиле стотици кандидати.

Рекламата треба да се отстрани наскоро бидејќи, како што објаснува Бехит, рекламирањето на борделите е генерално забрането во Штаерска.

Градоначалничката на Грац, Елке Кар, рече дека случајот го пријавила во полиција, а плакатот оттогаш бил ишаран.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот