Јасикевичиус три години ќе ја води Барса

фото: твитер

Како што и се најавуваше, денеска истото беше потврдено од страна на каталонскиот клуб.

Барселона и официјално има нов тренер, поранешниот литвански репрезентативец Шарунас Јасикевичиус.

Тој доаѓа како наследник на досегашниот кормилар на екипата, Светислав Пешиќ.

Јасикевичиус ќе биде тренер на Барса во наредните три сезони, односно соработката ќе трае до 30 јуни 2023 година.

Литванецот во текот на кариерата како играч ги бранеше боите на Барселона, со која ја освои Евролигата во 2003 година, двапати ја освои АЦБ лигата, а трипати Копа дел Реј.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот