Јасикевичиус ќе го менува Пешиќ на клупата на Барселона?!
Каталонскиот тим загуби во финалето на плејофот во Шпанија и веднаш почнаа шпекулациите за големи промени во тимот за следната сезона.
Иако во каталонските медиуми топ тема се случувањата во фудбалскиот клуб кој е на добар да ја загуби титулата, не е заборавен и кошаркарскиот клуб кој веќе ја загуби титулата. Басконија во финалето на плејофот со 69:67 ја совлада Барселона.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Басконија по пауза од десет години стана шампион на Шпанија (ВИДЕО)
Шпанскиот весник „Насионал“ тврди дека управата на Барселона планира да му даде отказ на тренерот Светислав Пешиќ и веќе има подготвено замена за него.
Понудата да седне на клупата на Барселона ќе му биде упатена на поранешниот кошаркар на каталонскиот клуб и актуелен тренер на Жалгирис, Шарунас Јасикевичиус.
Јасикевичиус три години го носеше дресот на Барселона, од 2000. до 2003 година, а се врати и во 2013 година и триумфира во кралскиот куп.
Тренерската кариера Јасикевичиус ја започна во 2016 година во Жалгирис и за многу брзо време стана еден од најценетите европски тренери.
Конкурент на Барселона за ангажманот е турскиот Фенербахче, но адутот на каталонскиот клуб е тоа што ќе има поголем буџет од турскиот тим.


