Фото: Јанта Волеј/Фејсбук

Јанта Волеј уште еднаш го победи Гацко и дојде на чекор до Лигата на шампионите

Одбојкарките на Јанта Волеј остварија голем успех, откако го победија Гацко на гостински терен, славејќи со 3-2 (26-24, 21-25, 19-25, 25-18, 15-13) и се пласираа во финалето од квалификациите за Лигата на шампионите.

Босанскиот тим влезе како фаворит во оваа пресметка, благодарение на своето поголемо искуство, но одбојкарките на македонскиот шампион одиграа одлично и заслужено се радуваат на овој значаен успех.

Нашите одбојкарки натпреварот го започнаа одлично, освојувајќи го првиот сет со 26-24,. Гацко одговори со добивање на следните два сета со 25-21 и 25-19, правејќи пресврт и водејќи со 2-1.

Но, нашите одбојкарки не се предадоа. Четвртиот сет го добија со убедливи 25-18, а петтиот, решавачки, со 15-13, обезбедувајќи им место во финалето и големо славје.

Последна пречка за влез во Лигата на шампионите ќе биде францускиот тим Ла Кане.

Преземено од: Sport.com.mk

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот