Ја силувал својата мајка додека бил под дејство на дрога, во полиција тврдел дека на ништо не се сеќава

Тинејџер од Шпанија е уапсен под сомнение дека сексуално ја злоупотребил својата мајка додека биле на одмор во Гран Канарија.

Станува збор за16-годишното момче кое е префрлено во притвор за малолетници и чека да заврши истрагата што е во тек.

Полицијата потврди дека го привела момчето и дека неговата мајка го пријавила.

Според медиумите, младиот човек тврди дека не се сеќава на ништо затоа што бил под дејство на дрога.

Првата ноќ ја помина во притвор на млади во центарот наречен Ла Монтанета во Гран Канарија, објави Дејли Стар.

Локалниот весник, кој најпрво ја објави веста за овој настан, соопшти дека момчето било под постојан надзор бидејќи постоела можност да се обиде да изврши самоубиство.

Портпарол на шпанската полиција во Лас Палмас, главниот град на Гран Канарија, ја потврди оваа вест.

– Тинејџерот беше приведен под сомнение за сторено кривично дело силување, посочи тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот