Доналд Трамп Џуниор / Фото EPA-EFE/SHAWN THEW

Ја платија ли граѓаните на Српска посетата на синот на Трамп? Неговиот настап може да чини и до 200.000 долари

Според податоците од сајт специјализиран за ангажирање јавни говорници, Доналд Трамп Помладиот за настапи наплаќа меѓу 100.000 и 200.000 долари за настани во живо, додека, пак, виртуелните настапи се поевтини и се движат меѓу 50.000 и 100.000 долари.

Доналд Трамп Помладиот учествуваше на затворена панел-дискусија во Бански двор, на која присуствуваа највисоките функционери на Република Српска – министри, директори и врвот на СНСД. Настанот го организираше Игор Додик, синот на Милорад Додик, кој воедно му беше и домаќин на американскиот гостин, пишува „Нова“.

– Ви благодарам што ја прифативте мојата покана, тука сме се собрале за да создадеме нова визија за иднината на нашите граѓани, на нашите семејства – рече помладиот Додик, во говор што го пренесоа режимските медиуми.

Иако официјално станува збор за приватна посета, безбедносните мерки во Бања Лука, според сведоштва, биле досега невидени. Токму тој контраст меѓу „приватниот“ карактер и државното ниво на организација дополнително ги подгрева сомнежите за вистинската природа на настанот.

Србија одобри договор со Кушнер за изградба на луксузен хотел на местото на поранешниот генералштаб во Белград

Според податоците од сајт специјализиран за ангажирање јавни говорници, Доналд Трамп Помладиот за настапи наплаќа меѓу 100.000 и 200.000 долари за настани во живо, додека, пак, виртуелните настапи се поевтини и се движат меѓу 50.000 и 100.000 долари.

Во описот на неговите ангажмани се наведува дека зборува на теми како што се политика, бизнис, конзервативизам, недвижности и лидерство – што се совпаѓа со содржината на затворениот панел во Бања Лука.

Иако нема официјална потврда дека Трамп Помладиот бил платен за ова конкретно доаѓање, самата фактичка состојба дека станува збор за професионален говорник со јасно дефинирани тарифи отвора логично прашање – дали и овој настап имал цена и кој ја платил?

Дополнителен сомнеж предизвикува и фактот што панелот не бил отворен за јавноста, туку исклучиво за политичката елита на Република Српска. Таквиот формат повеќе наликува на политички и бизнис настан од висок профил одошто на неформална посета.

Се поставува и прашањето дали организацијата – вклучително и логистиката, безбедноста и евентуалниот хонорар – била финансирана од јавни средства или преку приватни канали блиски до власта.

ФОТО | Синот на Трамп e „лудо“ вљубен во жена која потсетува на Меланија, пристигна со неа во Бања Лука

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот