Ја освоија Лига Европа, а завршија во минус од скоро 32 милиони евра

Ајнтрахт Франкфурт ја освои титулата во Лига Европа/Фото: EPA-EFE/Jose Manuel Vidal

Бундеслигашот и минатогодишен освојувач на Лига Европа, Ајнтрахт Франкфурт, минатата година забележа загуба од 31,9 милиони евра, објави германскиот клуб.

Вкупните приходи на клубот изнесуваат 248,4 милиони евра, што е парадоксално вториот најголем годишен приход во историјата на клубот (по сезоната 2019/20 заработија 278,1 милиони), покрај тоа ја освоија и Лигата на Европа, но на крајот сепак билансот е во минус.

-Минусот во последните две сезони е во голема мера како последица на пандемијата на коронавирусот, бидејќи во 2021 година тимот одигра 13 од 17 домашни натпревари во Бундеслигата и четири од шест во Лига Европа пред празни трибини – велат од клубот.

Минатата сезона во финалето на Лига Европа во Севиља (Шпанија) во пенал серијата со 5:4 Ајнтрахт Франкфурт славеше против шкотскиот Ренџерс.

На 10 август играчите на тренерот Оливер Гласнер на Олимпискиот стадион во Хелсинки (Финска) ќе играат во УЕФА Суперкупот против најдобриот за ланската сезона во Лигата на шампионите, Реал Мадрид.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот