фото: скриншот

Ја избол во вратот, градите и во стомакот: Убил жена сред бел ден на улица во Барселона

Маж вчера избодел жена до смрт во Барселона, Шпанија, а властите веруваат дека станува збор за случајно убиство, објавува ат медиумите.

Се појави фотографија од напаѓачот како мавта со оружјето со кое наводно ја застрелал жртвата, а полицијата потврди дека осомничениот е уапсен.

Смртоносниот напад се случил  сред бел ден околу 11 часот во областа Есплугес де Љобрегат. Тоа е југозападниот дел од градот, кој се наоѓа приближно три километри западно од стадионот Камп Ноу, дом на фудбалскиот клуб Барселона.

Истражителите сè уште се обидуваат да утврдат дали напаѓачот ја познавал жртвата, чија возраст и националност сè уште не се официјално објавени.

Полицијата потврди дека двојката, според нивните сознанија, не била во романтична врска, а добро информирани извори наведуваат дека фокусот на истрагата е теоријата дека жртвата е избрана сосема случајно.

Локалните медиуми ја опишуваат жртвата како помлада жена, додека еден непотврден извештај вели дека можеби е од азиско потекло. Напаѓачот ја избодел во вратот, градите и стомакот. Во инцидентот е повреден и 50-годишен маж кој се обидел да интервенира за да ја спаси несреќната жена. Тој добил рани на раката, но неговата состојба не е критична.

Осомничениот убиец, кој во моментот на нападот носел фармерки, дуксер со качулка и голем црн ранец, бил уапсен околу пладне во квартот Лес Кортс, кој се наоѓа веднаш до местото на злосторството.

Градската администрација на Есплугес де Љобрегат прогласи два дена жалост.

Властите официјално ја отфрлија можноста за тероризам како мотив за ова злосторство.

Згасна животот на девојката од Шпанија која се избори за право на евтаназија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот