Израелскиот министер Ганц по ослободувањето на првите заложници: Воената акција во Газа ќе продолжи
Израелските одбранбени сили ќе ги обноват борбите во Газа по четиридневниот прекин на огнот што започна денеска, изјави израелскиот министер Бени Ганц.
Препорачано
Изјавата ја даде пред стотици луѓе кои присуствуваа на собирот за солидарност во Тел Авив со семејствата на израелските заложници во Газа.
„Сакам да ги уверам семејствата на сите заложници: нема да запреме, ќе ги продолжиме напорите и воената акција во Газа за извлекување на заложниците, нагласи Ганц“, опозициски политичар кој се приклучи на владата по избувнувањето на конфликтот со Хамас на 7 октомври.
Утрово во 7 часот по локално време стапи во сила четиридневното примирје меѓу Израел и Хамас, со посредство на Катар.
Палестинската милитантна група Хамас денеска му ја предаде на Црвениот крст првата група израелски заложници. Меѓу ослободените има и 13 лица, кои преку преминот Рафа, се предадени на египетските власти. Претходно Хамас ослободи и 12 тајландски заробеници.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
29мин
-
34мин
-
55мин
-
1час
-
1час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


