Израелски тенкови EPA-EFE/ABIR SULTAN

Израелската армија објави учество на десетици илјади војници во офанзивата врз Газа

Израелските одбранбени сили (ИДФ) објавија дека десетици илјади војници ќе учествуваат во планираната офанзива врз градот Газа, додека паралелно се подготвува проширувањето на медицинската инфраструктура на југот од Појасот Газа.

Воената операција, наречена „Гидеонова кочија Б“, ќе вклучува пет дивизии составени од вкупно 14 бригадни екипи со пешадиски, оклопни, артилериски и инженерски единици, објави „Тајмс оф Израел“.

Како дел од мобилизацијата, израелската армија планира да повика вкупно 60.000 резервисти во три бранови, при што првата група од 40.000 до 50.000 резервисти ќе се јави на 2 септември.

Сегашниот ангажман на околу 130.000 резервисти, вклучувајќи борбени, разузнавачки и логистички единици, се продолжува.

Израелската војска мобилизирана во одбрана на земјатаа/Фото: EPA-EFE/ATEF SAFADI

Некои резервисти ќе бидат распоредени на други фронтови, а не директно во операцијата во Газа.

Операциите во моментов се активни во Појасот Газа, при што пешадиските бригади Нахал и Гивати, како и 7-та оклопна бригада, извршуваат напади врз повеќе локации во и околу градот.

Израелските одбранбени сили изјавија дека паралелно се развиваат хуманитарни капацитети на југот од Појасот Газа за околу еден милион цивили кои ќе бидат раселени. Планирано е отворање на дополнителни полски болници и точки за дистрибуција на помош.

Израелска армија EPA-EFE/ABIR SULTAN

Се очекува Европската болница во Кан Јунис, која беше затворена по нападот на тунелот на Хамас, повторно да се отвори со помош на ОН и меѓународните организации. Офанзивниот план, кој беше одобрен синоќа од израелскиот министер за одбрана Израел Кац, предвидува фази што вклучуваат предупредување за евакуација на цивилите, потоа опколување на градот и конечно пробивање во внатрешноста за уништување на инфраструктурата на Хамас.

Документот утре  ќе му биде презентиран на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот