Изненадување во Мајами: Јапонецот Таро Даниел го елиминираше Зверев

Изминатата ноќ во тенисот се играше на турнирот во Мајами, а Таро Даниел приреди изненадување елиминирајќи го Александар Зверев.
Јапонецот кој е 97. тенисер на АТП листата го совлада 15. За само 73 минути игра. Таро Даниел славеше со 6:0 и 6:4.
Целосно доминираше во првиот сет и направи три брејка, ододлеа во своите два долги гема и третата сет топка ја претвори во 1:0, Зверев не доби ниту една прилика за брејк. Во вториот сет му беше потребен само еден брејк, а го направи во петиот гем кој го освои без изгубен поен.
Во третото коло Таро ќе игра против Емил Русовори.
Седмиот фаворит на вториот мастерс во сезоната, Холгер Руне во сва сета го победи Мартон Фучовиќ со 6:3 и 7:5, а лесно работата ја заврши и третиот носител, Каспер Руд кој со 6:2 и 6:3 го совлада Илија Лавшк.