Фото: EPA-EFE/JUANJO MARTIN

Изненадување: Тренерот на Столе Димитриевски доби ангажман во Премиер лигата

Македонскиот голман Столе Димитриевски ќе добие нов тренер во шпански Рајо Вљекано откако овој клуб го напушти Андони Ираола.

Ираоло го напушти Рајо за да се пресели во Премиер лигата каде што ќе го води Бормут. Ираоло потпиша двегодишен договор со премиерлигаш и ќе го наследи Гери O’Нил кој денес претходно изненадувачки доби отказ.

Одлуката за разделба со О’Нил беше изненадувачка од Бормут затоа што тимот успеа да избори опстанок во Премиер лигата.

„Задоволни сме што можеме да го именуваме Андони Ираоло за наш нов шеф на стручниот штаб. Тој доаѓа по истекот на договорот со Рајо Ваљекано каде го заврши тригодишниот ангажман со 11-тото место во Ла Лига“, објави англискиот клуб.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот