Изненадување на ЕП, Белгија ги шокира Шпанците

Фото: fiba.basketball

Првото големо изненадување на Европското првенство во кошарка, се случи во групата А во коај Белгија ја совлада Шпанија со 83:73 и стигна до втората победа.

Белгијците до победата дојдоа благодарение на серијата од 12:0 во финишот кога од 71:73 поведоа со 83:73, резултат кој на крајот се покажа како конечен. „Фуријата“ дури 3 минути и 37 секунди не постигна кош и на крајот го претрпе првиот пораз на Евробаскет.

Белгијците беа одлични и во првата четвртина кога примија само 11 поени, но втората четвртина Шпанија направи серија од 15:0 и поведе со 17:26. Тоа не и пречеше на Белгија која со трпелива игра успеа да ја врати резултатската негатива и на одмор замина само еден поен негатива, 32:33.

Во третата четвртина најголемата предност изнесуваше пет поени и беше во корист на Шпанија, но и тоа беше веднаш анулирано од Белгијците. И последната четвртина помина во неизвесна игра се до финишот кога Белгија со серија од 12:0 ја завери победата и го направи првото големо изненадување на ЕП. Најефикасен кај Белгијците беше Емануел Леком со 20 поени, додека Вили Ернангомез даде 18 поени за Шпанија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот