Насловна страница на „Културен печат“ број 333

Излезе „Културен печат“ број 333 во весникот „Слободен печат“

КУЛТУРЕН ПЕЧАТ број 333, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ (23-25.5.2026), во својот стандарден формат на осум страници меѓу содржините од областа на уметноста и културните настани има:

– интервју со Оливер Белопета за јубилејниот 25. ОФФест: Сечиј успех најнапред се должи на многу работа

– разговор со актерот Владимир Петровиќ за неговиот лик во мјузиклот „Као какао“: Романтичар со скршено срце и бунтовник со причина

– во Драмски театар Скопје почнаа пробите на диптих од претстави по текстови за Федра во режија на Дино Мустафиќ

– Театар „Комедија“ премиерно ќе ја изведе претставата „Избраниот“ по текст на Ева Камчевска, а во режија на Јане Спасиќ

– промовирано е седмото дополнето издание на книгата „Вдахновенија“, со поднаслов „Ковчеже на мудрости“, од Атанас Конески: Вдахновението ја допира душата

– во Музејот на Македонија е отворена изложбата „Вода: Од исконски верувања до современ пулс“ на авторот Јован Шурбаноски и коавторот Александра Папазовска

– во галерискиот простор на Македонскиот КИЦ во Софија е поставена самостојната изложба „Дамки“ на македонскиот уметник Перо Кованцалиев

– книгоиздателството „Матица македонска“ ја објави книгата „Без повод за поводи“ од Иван Антоновски, ново научно и книжевно-критичко дело посветено на современата македонска книжевност

– во издание на „Перун Артис“ од Битола излезе од печат изборот драми на современиот ирски драматичар Енда Волш под наслов „Диско свињи и други драми“

– промоцијата на книгата „Репертоарски калеидоскоп“ на истакнатиот театарски критичар и публицист Тодор Кузманов на 21 мај се одржа во Драмски театар Скопје

– издавачката куќа „Артконект“ од Скопје со поддршка од програмата „Креативна Европа“ ја објави книгата раскази „Среќни падови“ од современата украинска писателка Евгенија Белорусец, со превод на Андреј Јованчевски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот