Изгоре трајлер во Долна Матка

Во пожарот со мало задушување се соочиле тројца пожарникари поради што имало потреба од лекарска интервенција од страна на дежурна екипа од Итната медицинска помош.

Вчера во 17.43 часот во СВР Скопје, од Бригадата за противпожарна заштита Скопје било пријавено дека во Долна Матка, скопско, настанал пожар во трајлер, со полски национални ознаки, сопственост на М.З.(45) од Полска, кој бил целосно опожарен.

Пожарот делумно зафатил и друг трајлер со полски национални ознаки, сопственост на В.З.(45) од Полска. Пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот