Избрани 16 решенија на јавниот повик КРЕАТОН

Вкупниот буџет за повикот е 10 милиони со максимален износ по апликација до 10.000 евра во денарска противредност. Овој повик е прв од иницијативите на Фондот за справување со последиците од КОВИД-19.

Вкупно 16 решенија се избрани од над 500-тини апликации кои пристигнале на јавниот повик КРЕАТОН за справување со последиците од КОВИД-19 што го објави Фондот за иновации и технолошки развој, а кој е поддржан од Амбасадата на Швајцарија во земјава, УСАИД, УНДП, УНИЦЕФ и МАСИТ.

Директорот на ФИТР Јован Деспоптовски на денешната прес-конференција изјави дека добиле огромен број квалитетни предлози од граѓани, фирми и организации, како и дека решенијата даваат придонес во надминување на предизвиците во повеќе области како медицина, образование, култура…

– Имаме избрани решенија во делот на медицината, во делот на дигиталните алатки како поддршка на микро, мали и средни претпријатија за прилагодување во оваа ситуација. Имаме дигитални алатки во делот на образованието што е исклучително многу важно за сите оние семејства коишто имаат деца во образовниот процес. Имаме дигитални алатки во делот на културата и слободното време и она што е исклучително важно, имаме дел од решенијата коишто го засегаат делот на борбата против лажните вести што како проблем ескалира не само во оваа држава, туку и во глобални рамки, вели Деспотовски.

Прочитајте и...  Старица (81) со торбичка на врат во Белград продавала хероин, избегна притвор поради староста

Меѓу избраните решенија има клауд базиран ИТ решение за бесконтактна интеракција меѓу докторите, аптеките, пациентите во делот на издавањето на рецептите што е исклучително многу важно и, вели, засега сериозен дел од нашата популација особено повозрасните граѓани.

Избраните 16 решенија со видеопрезентација од денеска ќе бидат достапни на веб-страницата на Фондот и на веб-страницата на сите меѓународни партнери.

Вкупниот буџет за повикот е 10 милиони со максимален износ по апликација до 10.000 евра во денарска противредност. Овој повик е прв од иницијативите на Фондот за справување со последиците од КОВИД-19.

 

Прочитај повеќе

Франција наскоро целосно ќе излезе од мерките на изолација

МИА Агенција

Едуар Филип: Одлуката за отворање на надворешните граници на ЕУ по 15 јуни

МИА Агенција

Бебе позитивно на ковид-19 со специјален лет префрлено на клиника во Швајцарија

Слободен печат

СДСМ: Чулев со невистини се обидува да ја вознемирува јавноста

Слободен печат

Агенција за национална безбедност: Немаме опрема за прислушување, УБК замина во историјата

Слободен печат

Трамп на нацијата ѝ се обрати преку Твитер: Постигнат е тажен рекорд од 100.000 починати

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

По вртоглавиот пад оваа година, германската економија догодина ја очекува скок од 10 проценти

Слободен печат

На 2 јуни се отвораат баровите и кафулињата во Франција

Слободен печат

Старица (81) со торбичка на врат во Белград продавала хероин, избегна притвор поради староста

Слободен печат

„Тојота“ поради коронавирусот речиси ја преполови продажбата во месец април

Слободен печат

Украдени 110 тони шеќер од фабриката во Вировитица, полицијата ги пронајде крадците

Слободен печат

Во Кичево е регистриран првиот случај на заразен од Ковид-19

Слободен печат