Изборот на ФИФА станува фарса, докази дека Меси бил неправедно избран за најдобар

twitter.com/fifacom

Светската фудбалска федерација (ФИФА) објави дека капитенот на репрезентацијата на Никарагва, Хуан Барера, својот глас го дал за Лионел Меси кој на крајот беше прогласен за фудбалер на годината. Барера објави дека тој дури не го искористил правото да гласа бидејќи не го добил неопходниот материјал од страна на ФИФА.

– Не гласав за Меси во категоријата за најдобар фудбалер. Бев изненаден кога се видов на листата на капитени кои гласале за Меси. ФИФА наведе дека ми пратила материјал за гласање на својот меил, но јас никогаш не го добив, така што не бев во можност да гласам – изјави Барера.


Според извештајот на ФИФА, капитенот на Никарагва гласал и за Кристијано Роналдо и Садио Мане.

Дека изборот на ФИФА од година во година станува се поголема фарса, доказ се сè почестите протести на капитените или селекторите на репрезентации. Вчера, јавно се побуни и Мохамед Салах кој откри дека Фудбалската федерација на Египет и капитенот на репрезентацијата не гласале за него.

„Што и да направат за да ме натераат помалку да го сакам Египет, нема да им успее“, напиша Салах на социјалните мрежи.


Демантот стигна веднаш од Фудбалската федерација на Египет, кои објавија дека селекторот Шавки Гариб и Ахме Елмухамеди гласале за Салах и бараат од ФИФА да им објасни зашто нивните гласови погрешно се презентирале.

Идентична реакција дојде и од селекторот на Судан, хрватскиот стратег Здравко Лугарушиќ, кој тврди дека не гласал за Меси, Вирџил ван Дајк и Садио Мане.

Тој како доказ го приложи листот кој го пополнил заедно со луѓето од Федерацијата и на него се гледа дека тој гласал за Килијан Мбапе (3 бода), Садио Мане (2 бода) и Мохамед Салах (1 бод).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот