ФИФА: Меси е најдобар фудбалер на светот! (ФОТО)

twitter.com/fifacom

Лионел Меси е прогласен за најдобар фудбалер на светот во изборот на ФИФА за 2019 година, а во конкуренција за наградата беа уште Виржил Ван Дајк од Ливерпул и Португалецот Кристијано Роналдо.

Аргентинскиот интернационалец претходно се најде и во најдобриот тим на годината, а во него се наоѓа и Кристијано Роналдо кој според информациите не присуствувал на денешната церемонија.

Меси беше стрелец на најмногу лигашки голови од било кој друг, со 36 погодоци за Барселона и вкупно 51 гол во сезоната и запишани 19 асистенции.

За најдобар тренер е прогласен за менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, додека наградата „Пушкаш“ отиде во рацете на тинејџерот, Даниел Шори.

Алисон Бекер од Ливерпул ја доби наградата за најдобар голман, потсетување дека со Редси минатата сезона ја освои титулата во Лигата на шампионите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот