Иванишевиќ: Ник Кирјос е тениски гениј
Тренерот на Ѓоковиќ смета дека Австралиецот има таков арсенал изненадувачки потези што невозможно е да се предвиди како ќе игра и кој потег ќе направи
Тренерот на Новак Ѓоковиќ, Горан Иванишевиќ, го опиша Ник Кирјос како тениски гениј и призна дека било исклучително тешко да се направи план за игра за финалето на Вимблдон.
Препорачано
Во финалето на Вимблдон, Новак Ѓоковиќ го изгуби првиот сет, но успеа да напраави пресврт и да го победи Кирјос со 4-6 6-3 6-4 7-6 (3).
Кирјос сервираше исклучително во текот на целото финале на Вимблдон, но Ѓоковиќ – кој се смета за најдобар ретернер во светот – сепак најде начин двапати да му направи брејк на Австралиецот.
– Не можете да се подготвите за натпревар против Ник Кирјос. Тој е гениј, тениски гениј. Тој ни самиот не знае кој ќе му биде следниот потег во поенот. Само се концентриравме на она што требаше да го направи Новак, на работите на кои требаше да биде внимателен. Кога некој сервира како Ник Кирјос, според мене најдобриот сервер во овој спорт, неверојатен тенисер, се е многу непредвидливо – вели Иванишевиќ.
На Вимблдон Ѓоковиќ го изигра своето 31. грен-слем финале и го освои 21. трофеј од највредните турнири.


