ВИДЕО | Ивана Кнез, модна дизајнерка: Секоја жена има право да се дотера
За различните стереотипи на женската убавина, Ивана мисли дека одиме од крајност во крајност, костимографски секој период од човештвото си има свој пандан за убавина, но не треба да се оди во крајности.
За различните стереотипи на женската убавина, Ивана мисли дека одиме од крајност во крајност, костимографски секој период од човештвото си има свој пандан за убавина, но не треба да се оди во крајности.
Препорачано
За љубовта кон костимографијата, дизајнот, животните, нејзината лична борба со стереотипите во „Утрински печат“ зборувавме со нашата модна дизајнерка Ивана Кнез, која е препознатлива по нејзината уникатност, борбеност, нескротливост и исклучителна креативност.
„Јас сакав да бидам глумица, пред крајот на средното училиште одев на часови по глума кај Димче Мешковски, којшто е генијален човек и ментор, но јас на неговите часови, додека ги читавме текстовите, настрана си цртав костими за ликовите. На крајот, кога требаше да ги земеме дипломите од тоа училиште, Димче ми рече: ‘Те гледам цело време ги црташ костимите, одамна не сум видел некој толку да се залепи за таа професија, те молам оди на костимографија’. И тогаш во последен момент јас се одлучив дека ќе станам костимограф“, вели Ивана за своите почетоци во струката.
Ивана вели дека е премногу тешко да се занимаваш со оваа професија, особено на ова тло, со оваа политичка сцена, со сите услови во кои не се признава оваа уметничка дејност, но доколку повторно би бирала, повторно би избрала да се занимава со дизајнерство.
„Брендот Ивана Кнез е достапен само онлајн. Јас не работам како трговец, јас произведувам и одам на варијанта изработка по мерка. Јас го обожувам женскиот род, сметам дека жените се уникатни, посебни, ‘луди’ и тие се енергијата што го движи светот. Секоја жена заслужува да го има правото да се дотера, а 99 отсто од жените одат на варијанта полесен избор и комфор, што манифестира исклучително голема количина на несигурност“, вели Ивана.

За различните стереотипи на женската убавина, Ивана мисли дека одиме од крајност во крајност, костимографски секој период од човештвото си има свој пандан за убавина, но не треба да се оди во крајности.
„Сликајте се сите, убавината е внатре. Убавината нема врска со естетиката, но она што го наметнува западот значи дека за да бидеш убава треба да влезеш во фустан број 38, и тоа е чист капитализам. Дебелината не е убава, човечкото здравје е пред сѐ. Ниту е во ред да си конфекциски број 34, ниту е во ред да си 54. Најдобро е да се најдеме на средина, вишокот килограми носи низа здравствени проблеми“, вели Ивана за тоа дали треба да се следат стереотипите за женската убавина.
Повеќе од разговорот со Ивана можете да погледнете во продолжение:
Повеќе разговори со Ана Трифуновски:
Дина Јашари, музичарка: Уживам да бидам на сцена


