ВИДЕО | Жаклина Стефковска и Џина Папас Џокси: Се дружиме уште од деца, а правиме заеднички концерт на 14 февруари

Жаклина Стевковска – актерка / Џина Папас – Џокси – музичар / Фото: Слободен печат – Драган Митрески

По повод нивниот акустичарски „Концерт за љубов и вино за прегратки“ кој ќе се одржи на 14 февруари, Денот на вљубените во „Јавна соба“, во студиото на „Утрински печат“ гостуваа нашите истакнати музичари Жаклина Стефковска и Џина Папас Џокси, со кои зборувавме за концертот, нивните почетоци, заеднички дружби и соработки.

„Тоа е концерт на македонски акустичари, јас, Џокси, Аљоша Симјановски, Јаков Дренковски и Александар Стефановски – Јаблан. Одлучивме да го направиме на еден многу убав ден, денот и виното и љубовта. Претежно свириме авторски песни, секој од нас има по 20 минути, но имаме и заеднички песни, а на крајот завршуваме сите заедно со една прекрасна песна на Јаков Дренковски – „Скитникот“, која одбележа едно време“, вели Жаклина за концертот кој ги очекува на 14 февруари.

Жаклина Стевковска – актерка / Фото: Слободен печат – Драган Митрески

Џокси ни откри дека негова е идејата за концертот, објаснувајќи дека после многу време почувствувал потреба повторно да застане на сцената, особено откога се вљубил во просторот на „Јавна соба“ каде веднаш се видел себеси како настапува на сцената.

„Требаше време за подготовка и требаше да помине скоро една година за да се собереме, да го обмислиме сето тоа, да закажеме термин и да се појавиме на таа сцена. Не ми беше целта јас сам да излезам, туку им предложив и на моите пријатели кои веднаш се согласија. Причината, пред сѐ, беше тоа што долго време бевме во некоја сенка, самите не бевме многу ангажирани за да нѐ има во медиумскиот простор, иако творечки не заостануваме зад другите“, изјави за „Утрински печат“ Џина Папас Џокси.

Џина Папас – Џокси – музичар / Фото: Слободен печат – Драган Митрески

На прашањето дали им требаше долго време да се спојат и усогласат сите заедно, Жаклина ни одговори дека тоа е просто феномен, како за толку брзо време и толку малку проби успеале да направат концерт за кој на крајот биле одлично подготвени. Џокси ја надополни со објаснувањето дека тие целиот свој живот ги пееле и свиреле заедно тие песни, добро ги паметат и затоа имале само една проба.

„Ние се дружиме уште од средношколските денови, тогаш Џокси беше во групата ‘Макакус’ и на еден начин тие ми беа учители. Јас почнав со уште две мои талентирани другарки од училиштето и после настапите на патрони празници и разни секции, решивме малку посериозно да се посветиме на музиката, побаравме простор за вежбање во просториите на тогашен ‘Дом на млади 25 мај’, сегашно МКЦ и таму всушност се запознав со Џокси“, ни раскажа Жаки за почетокот на нејзиното пријателство со Џокси.

Со Жаклина зборувавме и за нејзината актерска кариера, ангажманите во театар, љубовта кон авторската музика, а Џокси ни раскажа за темните скопски улички и неговата љубов кон гимнастиката.

За ова и уште многу повеќе од разговорот со Жаки и Џокси можете да погледнете во продолжение:

Повеќе разговори со Ана Трифуновски:

Јана Гигова: Може да се живее од улична уметност во Скопје

Денис Јанкуловски: Да не се плашиме од различностите, туку да ги прифатиме

Владимир Лазовски: Театарот е мојот втор дом

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот