ВИДЕО | Денис Јанкуловски: Да не се плашиме од различностите, туку да ги прифатиме

Денис Јанкуловски - медицински техничар / Фото: Слободен печат - Драган Митрески

„Иако коронавирусот ни донесе многу негативни и неубави моменти, мене сосема спротивно од тоа, многу убави работи ми се случуваа и веројатно сето тоа го препознаа луѓето, затоа што сѐ што правев го правев за полесно да го поминеме денот. Најубавите моменти беа кога некој ќе ми пишеше или ќе ми се јавеше да ми каже дека оздравел“.

Вака за „Утрински печат“ го објасни своето искуство во времето на коронавирусот Денис Јанкуловски, медицински техничар, хуманист и активист.

Денис уште од дете имал желба да им помага на луѓето, особено на лица кои се во ранливи категории. Години подоцна дознал за лицата со атипичен развој или попреченост и веднаш се пронашол во тој свет, каде можел да помогне на кој било начин.

„Од 2018 година и официјално направиваме и здружение со коешто на еден културно-забавен начин покажуваме и докажуваме дека инклузијата е дефинитивно можна. Така излезе и песната „Растеме заедно“ посветена на дечињата со атипичност“, вели Денис.

„Имаме голема поддршка од семејставата на децата со попречености или атипичности, но поважниот момент е подршката од родителите на деца со типичен развој, кои ни се заблагодаруваат за можноста нашето дете да се запознае со сите тие атипичности. Не треба да нѐ плаши тоа дека нашите деца ќе се заразат или ќе добијат некоја атипичност“.

Денис вели дека ние возрасните сме тие кои позадински треба да делуваат на своите деца, треба да ги учиме, да ги запознаваме и да им укажуваме на сите тие атипичности и секако да ги учиме да ги прифаќаат.

„Сѐ уште постојат петиции во училиштата, градинките да се отстранат децата кои што се малку по „живи“. Има начини како треба да пристапиме кон овие деца, нивните семејства и да се обидеме не само да влеземе во нивниот свет, туку и тие да влезат во нашиот. Односно да се најдеме на средина и да направиме еден убав заеднички свет“.

Во разговорот Денис зборуваше и за идејата да се направи пристапна рампа на сцената „Школка“ во градскиот парк, за да можат самите учесници, лица во колички да се качат на сцената. Тоа е своевидна дикриминација која најбрзо можно треба да се реши, секако со помош на стручни и овластени лица.

Целиот разговор со Денис Јанкуловски можете да го погледнете во продолжение:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот