ВИДЕО | Јана Гигова: Може да се живее од улична уметност во Скопје

Јана Гигова - музичар / Фото: Слободен печат - Драган Митрески

Јана Гигова е улична уметница која повеќе од десет години свири и пее на плоштадот „Македонија“ во Скопје, забавувајќи ги случајните минувачи кои знаат да одделат и од своето време и од својот буџет за да го испочитуваат она што го прави Јана во секое годишно време.

„Ако имам доволно јакни на себе, свирам и во зима, не е пријатно на тие услови да се пее и затоа чекам да затопли. Може добро да се живее од оваа работа, јас десет години се издржував само со свирење на плоштадот. На почетокот имаше добар проект, преку кој можеше да се вработиш и да земаш месечни примања, хонорар со кој беше регулиран ангажманот на уличните музичари“, рече Јана во гостувањето во „Утрински печат“.

Нејзин впечаток е дека имало период кога Скопје било нечисто, а скопјани биле генерално нерасположени за музика, затоа решила неколку години да се пресели во Грција, каде настапувала во локални клубови.

„Сите имаат малку погрешна претстава за тоа зошто се занимавам со оваа работа, сите мислат дека тоа ми е последен избор, дека немам што друго да правам па морам ова. Но случајот е сосема спротивен, заработката е многу подобра од многу други работи, само што има тешки услови за работа“, вели Јана за тоа како ја прифаќаат скопјани.

Јана е ќерка на нашиот познат музичар Сашо Гигов-Гиш, за кого вели дека имал влијание врз градењето на нејзиниот музички стил, но сѐ што постигнала во животот постигнала сама, без ничија помош. Настапувала во неколку европски градови и мисли дека искуството во споредба со Скопје е различно.

„Во секој град е различен пристапот кон уличните уметници и во секој град различен тип на улична уметност просперира повеќе. Јас патував повеќе кога бев помлада и мислам дека е убаво искуство, убави спомени и приказни за раскажување, но сепак, не би живеела на таков начин. Најубаво бев прифатена во Прага, бидејќи е најуметнички град, слободен за млади луѓе без предрасуди“, објасни Јана за своето искуство во големите европски градови.

Јана зборуваше и за својата љубов кон свирењето, создавање авторска музика, нејзините амбиции и планови за во иднина.

Остатокот од разговорот можете да го погледнете во продолжение:

ВИДЕО | Денис Јанкуловски: Да не се плашиме од различностите, туку да ги прифатиме

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот