ВИДЕО | Дина Јашари, музичарка: Уживам да бидам на сцена

Дина Јашари - пеачка / Фото: ''Слободен печат'' - Драган Митрески

Љубовта кон музиката на Дина ѝ ја пренел нејзиниот татко, кој имал гитари дома, а таа растела со многу музика.

Дина Јашари е наша млада, талентирана и исклучително просперитетна музичарка, кантавторка која сѐ повеќе го освојува и регионалниот музички пазар. Со неа во „Утрински печат“ зборувавме за нејзините успеси до сега и за плановите и ангажманите во иднина.

Дина е дел од 27-те номинирани артисти во годинешното трето издание на музичките награди ХЕМИ, а во гостувањето во „Утрински печат“ ни ги раскажа деталите.

„Во организацијата на ХЕМИ наградите учествуваат 9 држави, со цел да им помогнат на артистите во регионот кои се занимаваат со музика. Нудат некој вид на работилници и мастеркласови за подобрување на себеменаџирањето во земји во кои не е развиена музичката индустрија. Среќна сум што заедно со Перија и Јон Ајди сме номинирани меѓу 27-те артисти“, изјави Дина.

Иако работи без продукција зад себе, Дина, сепак, одлично се снаоѓа во менаџирањето на своите музички ангажмани со помош на луѓето околу неа кои ѝ помагаат и со кои соработува веќе неколку години.

„Опкружена сум со луѓе кои ми помагаат во кариерата, немам менаџер, но имам букинг агент, којшто ми ги договара настапите, имам технички тим што се грижи за тон, светло и видео за настап. Имам и тим што се грижи за мојот стајлинг и секако го имам бендот кој е мојот најважен тим за на сцена. Инаку, сама ја пишувам и продуцирам музиката, но го имам и Драги со кој заедно ги финализираме песните“, вели Дина.

Љубовта кон музиката на Дина ѝ ја пренел нејзиниот татко, кој имал гитари дома, а таа растела со многу музика. Немала никаква музичка едукација пред да се запише на Факултетот за музичка уметност, а првиот контакт со инструмент бил во мандолинскиот оркестар прво во училиштето, потоа во Младинскиот Културен Центар (МКЦ).

„Клучен момент за мојата кариера и за мојот живот воопшто беше кога застанав на Евровизиската сцена како придружен вокал. Тоа е одлична можност да не го добиеш целото внимание на себе, а сепак, да ги искусиш сите работи кои се случуваат на сцената. Имав само 18 години и ми беше преголем стрес, но и едно прекрасно искуство кога сфаќаш дали е тоа за тебе или не. Тогаш сфатив дека мене ми се допаѓа да бидам на сцена“, за своето искуство на сцената ни раскажа Дина Јашари.

Повеќе разговори со Ана Трифуновски:

Јана Гигова: Може да се живее од улична уметност во Скопје

Денис Јанкуловски: Да не се плашиме од различностите, туку да ги прифатиме

Владимир Лазовски: Театарот е мојот втор дом

Жаклина Стефковска и Џина Папас Џокси: Се дружиме уште од деца, а правиме заеднички концерт на 14 февруари

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот