Италијанските медиуми го предвидуваат стартниот состав на Македонија

фото: ФФМ

Италија денеска за првпат ќе биде предводена од новиот селектор Лучано Спалети, кој дојде како наследник на Роберто Манчини, и тоа против Македонија во квалификациите за ЕП 2024.

Натпреварот ќе се игра од 20.45 часот на Националната арена „Тодор Проески“ – Скопје, а италијанските медиуми ги предвидуваат стартните состави на двете селекции.

Се шпекулира дека Спалети во нашиот главен град ќе се одлучи за формацијата 4-3-3, а истото се предвидува дека така ќе направи и македонскиот селектор Благоја Милевски.

Можните стартни состави на Македонија и Италија –

Македонија: Димитриевски; Ашковски, Муслиу, Зајков, Алиоски; Барди, Адеми, Елмас; Трајковски, Несторовски, Миовски.

Италија: Донарума; Ди Лоренцо, Манчини, Бастони, Димарко; Барела, Кристанте, Тонали; Политано, Имобиле, Ѕакањи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот