Спалети со формација 4-3-3 во Скопје, во нападот со Политано, Имобиле и Киеза

фото: EPA-EFE/CLAUDIO GIOVANNINI

В сабота од 18.00 часот на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје ќе се игра натпреварот од квалификациите за ЕП 2024 помеѓу Македонија и Италија.

Италијанските медиуми веќе предвидуваат како би изгледал стартниот состав за кој ќе се одлучи новиот селектор на актуелниот европски шампион, Лучано Спалети.

Можно е Спалети да се одлучи за формација 4-3-3, со Донарума на голманската позиција, во одбраната би биле Ди Лоренцо, Манчини, Бастони и Димарко, во средниот ред Барела, Кристанте и Тонали, а во нападот Политано, Имобиле и Киеза.

Играчот од средниот ред на Рома, Кристанте беше исклучен од „аѕурите“ од јуни 2022 година, но се очекува да биде во стартните 11 против нашата селекција. Барела и Сандро Тонали практично имаат загарантирано место во средниот ред.

Џанлука Манчини, исто така, се враќа по една година и се очекува да игра во централната одбрана со Алесандро Бастони или Алесио Ромањоли, а можно е и Спинацола да стартува пред Димарко.

Во нападот треба да бидат фудбалерот на Лацио, Чиро Имобиле, потоа Матео Политано од шампионот на Серија А, Наполи и ѕвездата на Јувентус, Федерико Киеза. Тоа е промена на позицијата за Киеза, кој оваа сезона беше користен како напаѓач на Јуве, а не на крилните позиции.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот